Вардар Јуниор лига викендов во СЦ „Јане Сандански“

Младите ракометарите в недела во салите на СЦ „Јане Сандански" ќе играат ново коло од најдобрата и единствена ракометна лига за деца Вардар Јуниор лигата.

Веќе пет години по ред Академија Вардар организира натпревари за децата кои сѐ уште се млади за да се натпреваруваат во младинските лиги, а добиваат можност паралелно со тренинзите во текот на целата сезона да се натпреваруваат со врсниците од повеќе градови од Македонија.

Според распоредот и в недела во малата и големата сала на СЦ „Јане Сандански" ќе имаме можност да навиваме за школи од повеќе градови, и тоа од Прилеп доаѓа Филип Вардар, од Куманово – Карпош Вардар, од Ресен – Преспа Вардар, од Охрид – Вардар Седмерец, како и скопските Драчево Вардар, Општина Кисела Вода Вардар, Будимир Вардар, Ангели Вардар и Урдаревски Вардар.

Децата ќе се натпреваруваат во категориите 2006/07 и во 2008/09, а за најмладите вљубеници во ракометот – децата родени 2010 година и помлади се организираат натпревари во мини ракомет.

Распоред на натпревари: saatnica_skopje_08.12.2019.pdf

петок, 6 декември 2019 - 10:45