В сабота завршува првиот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата

Во сабота, на 22 декември, во спортскиот центар „Јане Сандански" се доигрува четвртото коло од Вардар Јуниор лигата. Натпреварите стартуваат во 9.30 часот, а играат екипи од Велес, Прилеп, Куманово, Делчево и Скопје.

Според распоредот на мечеви, во овој дел од колото играат момчиња родени 2008/09 и 2006/07, како и девојчиња родени 2006/07. На распоредот се и натпреварите во мини ракомет, наменети за нашите најмлади членови, децата родени во 2010 година и помали. Во оваа категорија тимовите се со мешан состав.

Распоред за натпревари: saatnica_22.12.2018.pdf

Ова се последните натпревари од лигата во 2018 година, а следното коло очекувајте го по одржувањето на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", со почетокот на вториот дел од сезоната во Вардар Јуниор лигата.

петок, 21 декември 2018 - 16:10