В недела второ коло од Вардар Јуниор лигата

Ракометната академија Вардар в недела во СЦ „Јане Сандански" го организира второто коло од Вардар Јуниор лигата.

Натпреварите стартуваат во 8.30 часот со меч во категоријата 2006/07 во машка конкуренција. Ќе се играат дуели во машка конкуренција во категориите 2008/09, 2006/07, 2004/05 и во женска конкуренција 2006/07.

Најмладите ракометари, децата родени 2010 година и помали кои се натпреваруваат во мини ракомет стартуваат со натпревари во 17 часот.

Саатници за 2. коло: saatnica_skopje_18.11.2018.pdf

петок, 16 ноември 2018 - 22:05