Успешен прв ден од турнирот „Еден живот, една љубов“

Во СЦ „Јане Сандански" се одигра првиот ден од натпреварите на турнирот „Еден живот, една љубов„ за генерацијата 2006/07 во машка и женска конкуренција.

На теренот видовме одлични дуели меѓу екипите на Урдаревски Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов Вардар и Балтепе Вардар во машка конкуренција. Како и екипите на Будимир 1 Вардар, Будимир 2 Вардар, Драчево Вардар, Делчево Вардар и Седмерец Вардар во женска конкуренција.

Билтенот од денешните натпревари и распоредот за утре:

1_i_2_kolo_1.docx

turnir_zhenski_2_den.docx

Децата беа возбудени повторно да заиграат со противници кои им се врсници, како и да ја осетат атмосферата како е да се игра во малата и големата сала во СЦ „Јане Сандански", каде вообичаено двократниот првак ги игра натпреварите во ЕХФ Лига на шампионите и во СЕХА лигата. Девојчињата од Седмерец Вардар и момчињата од Филип Вардар денеска дебитираа на натпреварите и се најавија како редовни учесници и во претстојната Вардар Јуниор лига.

сабота, 5 октомври 2019 - 19:59