Третото коло од Вардар Јуниор лигата се игра во СЦ „Јане Сандански“

Викендов, 24 и 25 ноември, во СЦ „Јане Сандански" се играат дел од натпреварите од третото коло на Вардар Јуниор лигата, во организација на Ракометната академија Вардар. Играат тимови од Скопје и од Куманово.
Стартуваме со натпревари во сабота, на 24.11.2018 во 9.30 часот, на паркетот ќе ги видиме младите таленти од генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 во машка категорија, како и генерациите 2006/07 и 2004/05 во женска категорија.
Во недела, на 25.11.2018 се играат уште два машки натпревари во генерациите 2004/05 и 2008/09. Натпреварите стартуваат во 9.30 часот.

Распоред со саатница за натпреварите: saatnica_24-25.11.2018.pdf

петок, 23 ноември 2018 - 19:11