Стартуваат уписите за Кисела Вода Вардар

Ракометна Академија Вардар започнува со упис на членови во ракометната школа во Кисела Вода. Првите тренизи ке се одржат на 20.09.2018 година во спортската сала при ООУ Партенија Зографски – Кисела Вода, и тоа за децата родени 2010 и помлади тренинзите се во вторник и четврток од 16.30 - 17.30, а за децата родени 2008/09 термините се во вторник и четврток од 18.30 - 19.30. За децата од генерацијата 2006/07 очекуваме термини за тренинзи од општината, по што ќе информираме и за нив.

Вардар, преку Ракометната академија Вардар продолжува со тренинзите и грижата за откривање и негување на младите ракометни таленти во општината Кисела Вода.
Со годинешниот пакет децата со запишување во школата ќе се вклучат и во најголемиот проект за млади ракометари во Македонија, Вардар Јуниор лигата. Сите деца ќе учествуваат во редовните ракометни натпревари кои ќе се организираат во текот на сезоната 2018/2019. За најмладите учесници, децата родени 2010 година и помали во лигата се организираат натпревари во мини ракомет, односно децата се натпреваруваат со своите врсници и низ игра и натпревар учат фер плеј и развиваат тимски дух.

  • Пакетот за најмладите, децата родени 2010 година и помлади вклучува:

                           - редовни тренизни
                           - учество на натпреварите од Вардар Јуниор лигата
                           - спортска опрема Hummel (достапна величина 10 – 12)
                           - можност за напредок во младинските селекции на РК Вардар,
                           - бесплатен влез на натпреварите на РК Вардар во СЕХА лига и националното првенство,
                           - 30 отсто попуст во Фан Шоп Вардар
                           - организирање на пријателски натпревари.

  • Пакетот за децата родени 2008/09 вклучува:

                           - редовни тренинзи
                           - учество на натпреварите од Вардар Јуниор лигата
                           - спортска опрема Hummel (достапни величина 10 – 12, 14 – 16, S, M, L, XL и XXL)
                           - можност за напредок во младинските селекции на РК Вардар,
                           - бесплатен влез на натпреварите на РК Вардар во СЕХА лига и националното првенство,
                           - 30 отсто попуст во Фан Шоп Вардар,
                           - организирање на пријателски натпревари.

За дополнителни информации за пакет понудите за сезона 2018/19, како и за потребните докумети и сите останати информации за запишување во Кисела Вода Вардар комуницирајте со тренерот Билјана Пецевска на тел.078/345 - 687.

среда, 19 септември 2018 - 11:59