
Првиот викенд е резервиран за момчињата и девојките од генерацијата 2006/07. На теренот ги очекуваме екипите на Урдаревски Вардар, Ангели Вардар, Филип Вардар, Будимир Вардар, Бисинов Вардар и Балтепе Вардар во машка конкуренција. Како и екипите на Будимир 1 Вардар, Будимир 2 Вардар, Драчево Вардар, Делчево Вардар и Седмерец Вардар во женска конкуренција.
Првиот ден, 5 октомври, екипите ќе се натпреваруваат во групи, а вториот ден се разигрува за пласман.
Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07: zhenski_turnir.docx
Викендот 19 – 20 октомври ќе се одигра турнирот за генерациите 2008/09 и за децата родени 2010 година и помали кои се натпреваруваат во мини – ракомет.
Турнирите се одлична форма на натпреварување да се види колку напреднале младите ракометари и каде се наоѓаат во однос на нивните врсници, како и да се привикнат на физички напорни натпревари набиени во два дена.
Се гледаме на „Еден живот, една љубов" во СЦ „Јане Сандански".