Ракометни доживувања и докажувања во новото коло од Вардар Јуниор лигата

Без поголеми промени на лидерските позиции на табелите во двете категории во женска конкуренција по третото коло од Вардар Јуниор лигата. Екипите внесоа возбуда на теренот, но во двете категории на врвот сѐ уште опстојуваат Кале Вардар. Третото коло во женска категорија се играше викендите на 26 ноември и 3 декември годинава.

Во најстарата женска категорија, генерацијата 2004/05 победници во третото коло се Делчево Вардар, Вардар Виница, Општина Кисела Вода Вардар, Кале Кичево, додека Филип Вардар беа слободни.

* Билтен од 3. коло за 2004/05: 3-kolo-2004-05-zenski.docx

Во категоријата 2006/07 младите ракометарки одиграа два натпревари, а победници во ова коло беа Кале Вардар и Делчево Вардар.

* Билтен од 3. коло за 2006/07: 3_kolo_2006-07_zenski.docx

среда, 6 декември 2017 - 15:40