Првоаприлско коло на Вардар Јуниор лигата

На денот на шегата, 1 април ќе играме ракомет и ќе се забавуваме во Скопје и во Кичево. Првите натпревари се играат во Скопје и се закажани за в сабота, 31.03.2018, а в недела, 1 април ве очекуваме во Скопје и во Кичево.

Во сабота во СЦ Кале натпреварите стартуваат во 9.30 часот, а според распоредот покрај неколку ракометни школи од Скопје, ќе се дружиме со момчињата од Карпош Вардар од Куманово и од Вардар ДБ од Кавадарци.

В недела се игра во СЦ Кале во Скопје, и тоа од 9 часот почнуваме со натпреварите во мини ракомет наменет за дечињата родени 2008 и помали, а мечовите меѓу постарите генерации почнуваат од 10.45 часот.

* Распоред за натпреварите во Скопје: saatnica_skopje_31.03_01.04.2018.pdf

Во Кичево натпреварите се играат во СЦ Христо Узунов, и според распоредот првиот меч е во 10.20 часот.

* Распоред за натпреварите во Кичево: saatnica_kichevo_01.04.2018.pdf

петок, 30 март 2018 - 08:51