По шестото коло лидери се Кале Вардар и Вардар Виница

Вардар Јуниор лигата донесе уште едно возбудливо коло со ракометни натпревари за деца. Во шестото коло, што викендот 24 и 25 феваруари се одржа во СЦ Кале, во женска конкуренција се одиграа натпревари во категориите 2004/05 и 2006/07, како и мини ракомет натпревари за децата родени 2008 и помали.

Како и вообичаено и во ова коло најмладите членови на Ракометната академија Вардар одиграа натпревари во мини ракомет, но за момчињата и деввојките родени 2008 година и помлади не се подготвува ранг листа, а натпреварите се играат под мотото - битно е да се учествува, а победници се сите учесници. Во оваа категорија се ира во мешани тимови, а целта е преку мини ракомет натпреварите децата да се запознаат со спортот и да го засакаат.

Последното, шесто коло внесе мали промени на табелата во категоријата 2004/05 во женска конкуренција. Со еден одигран натпревар повеќе Вардар Виница се искачи на првата позиција, откако екипата на Кале Вардар во 6 коло беше слободна. Победници во шестото коло беа екипите на Вардар Виница, Општина Кисела Вода Вардар, Вардар ДБ, додека мечот меѓу Делчево Вардар у Асови Вардар беше одложен.

* Билтен за категоријата 2004/05 жени: 6_kolo_2004-05_zeni.docx

Во категоријата 2006/07 Кале Вардар го победи Делчево Вардар со 22 – 9, мечот меѓу Ново Лисиче Вардар и Општина Кисела Вода Вардар беше одложен. Кај оваа генерација нема промени во табелата и Кале Вардар останува на првата позиција.

* Билтен за категоријата 2006/07: 6_kolo_2006-07_zeni.docx

петок, 2 март 2018 - 12:36