
Вардар ќе го претстават пионерките предводени од Анжела Платон и Марија Папуџиева и пионерите на Зоран Петковски.
Во дводневните натпревари во женска категорија покрај нашата екипа ќе се натпреваруваат Медицинар од Шабац, Белград од Белград и Раднички од Крагуевац.
Во машка конкуренција пак пионерите ќе играат против тимовите на Металопластика од Шабац, Белград од Белград и Раднички од Крагуевац.
Првите натпревари се закажани за на 18 јануари, и тоа девојките ќе играат против Раднички во 19:30 часот, додека машките на Вардар и на Раднички се од 20:30 часот.
Следниот ден девојките почнуваат со натпревари во 9:30 часот против екипата на Белград, а машките се од 10:30 часот, и тие против Белград.
Натпреварот против Медицинар пионерките ќе го играат во 18 часот, а пионерите од 19 часот играат против Металопластика.
По натпреварите ќе следи доделување на пехарите и медалите.