Натпреварите од Вардар Јуниор лига утре се играат во Илинден

Ракометната академија Вардар утре, на 21 април, организира дел од натпреварите од деветтото коло од Вардар Јуниор лигата. Колото се одржува во СЦ Илинден, во скопската општина Илинден,а првите натпревари почнуваат од 9 часот, додека натпреварите во мини ракомет почнуваат од 13 часот.

На распоредот се натпревари во машка категорија, и тоа од сите три старосни категории 2006/07, 2004/05 и 2002/03.

Распоред за првиот дел од 9 коло: kolo_9.pdf

Останатиот дел од натпреварите од 9 коло ќе се одиграат следните викенди, а распоредот дополнително ќе се објави.

петок, 20 април 2018 - 12:33