Кале Вардар на врвот од табелата по второто коло во Јуниор лигата

Девојките од Кале Вардар од Кичево се позиционираа на првата позиција во категоријата 2006/07 во женска конкуренција.

Младите ракометарки по второто коло можат да се пофалат со победи против Делчево Вардар од Делчево и против Ново Лисиче Вардар од Скопје. На втората позиција е екипата на Будимир Вардар од Скопје, но таа има одиграно и еден натпревар помалку од Кале Вардар, односно екипата беше слободна во првото коло. Во второто коло одмораше екипата на Драчево Вардар, која е трета на листата во оваа категорија.

* Билтен за 1. и 2. коло 2006/07 1_i_2_kolo.docx

Сезонава во Вардар Јуниор лигата се организираат натпревари во генерациите 2004/05, 2006/07 и 2008/09 во машка конкуренција, додека девојките се натпреваруваат во категоријата 2006/07, како и натпревари во мини ракомет наменет за учесниците родени 2010 година и помали.
За најмладите учесници во лигата нема рангирање на тимовите според резултатите. Во оваа категорија не е битен победникот на натпреварот, туку преку натпреварите да ги научиме децата на фер игра, тимски дух и спортско однесување.

среда, 5 декември 2018 - 16:20