Кале Вардар ќе презими на врвот во Вардар Јуниор лигата

Дерби натпреварот од четвртото коло од Вардар Јуниор лигата донесе промени на врвот од табелата за категоријата 2006/07.

Будимир Вардар и Кале Вардар играа за лидерското место, и дуелот донесе пресврт. Кале Вардар со победата против Будимир Вардар од 15 : 13 го превзема првото место од противникот, кој зимата ќе ја помине на втората позиција во категоријата. Кај останатите екипи нема промена во однос на позициите на табелата.

* Билтен од 3. и 4. коло 2006/07: 3_kolo_2006-07_zenski.docx

                                                       4_kolo_2006-07_zenski.docx

Најмладите ракометарки во Вардар Јуниор лигата се девојчињата родени 2010 година и помлади кои се натпреваруваат во мини ракомет. Оваа категорија преку натпреварите ја развива љубовта кон ракометот, но учи и како да се однесуваат на спортски натпревари и како се гради тимски дух. За децата најважно е да се дружат и да спортуваат, како и на натпревари да ги применуваат вежбите од тренинзите и на тој начин побргу да ги развиваат вештините.

среда, 26 декември 2018 - 12:18