Кадетките од Прилеп донесоа бодови

Кадетките на Вардар со бодови се вратија од Прилеп, откако ремизираа на натпреварот против Деспина со 21 : 21 (8 : 13). Прилепска Деспина е на врвот од нашата група, додека вардарките се на третата позиција.

Иако на мечот од 7. коло од кадетското првенство, избраничките на Анжела Платон во првиот дел од натпреварот оставија впечаток дека ова е дуел во кој не можат да се носат, вторите 30 минути ни донесоа пресврт. Домаќините брзо преминаа во водство. Предноста од 3 : 2 ја претворија во 8 : 2, а вардарки до крајот на полувремето се мачеа со повеќе периоди во кои не успеваа да постигнат гол. Затаи и одбраната, и највисоката предност што во ова полувреме ја имаше домаќинот беше +7 голови, односно, 13 : 6. На пауза заминавме со негатива од 5 гола, односно 8 : 13 за Деспина.
Следните 30 минути ги искористивме до последно за да ја намалиме предноста на противникот, та првото израмнување беше на 18 : 18. Промената во резултатот донесе надеж, но домаќините не ја изгубија иницијативата, која повторно им донесе предност од 20 : 18. Повторно израмнивме на 20 : 20, и до крајот на натпреварот финиширавме со 21 : 21.
На натпреварот најмногу, 10 голови постигна нашата Мила Пешиќ.

Деспина – ВАРДАР 21 : 21 (13 : 8)

ВАРДАР: Вероника Ѓорѓиевска, Зорица Андовска 1, Мила Крагељ, Јана Равојска, Ана Мирческа, Александра Коловска 2, Јована Трајановска, Леа Христоска, Борјана Коцева, Магдалена Тошевска, Ива Ангеловска 1, Наталија Максимовска 2, Андреа Миланова, Мила Пешиќ 10, Бојана Радевска, Бојана Коцева 5.

сабота, 13 октомври 2018 - 20:11