Кадетките на Вардар со четврто место на турнирот во Црна Гора

Кадетките на Вардар се пласираа на четвртото место на турнирот во Никшиќ, Црна Гора, откако на малото финале не успеаја да триумфираат против екипата на Локомотива.

Хрватскиот противник наметна сопствено темпо на игра уште во првата половина од натпреварот, на коешто нашите девојки не одговорија соодветно ниту во одбраната, ниту во нападот. Противникот набрзо создаде предност која до крајот на мечот продолжи постепено да ја зголемува до крајните +11 гола, за победа од 27 : 16. Најдобри стрелци во нашата екипа на овој меч беа Ана Марија Коларовска и Стефанија Софтовска со по четири гола.

На овој меч претходеше полуфинале со екипата на Будуќност, кои продолжија во финалето откако победија со 20 – 15.

На овој турнир за екипата на Вардар играа избраничките на Драгана Ристова и Марија Папуџиева: Јована Трајкоска, Ангела Гроздановска, Јана Арсовска, Ана Гонзалес, Стефани Георгиевска, Јана Донева, Мирјана Петковска, Симона Грујовска, Стефанија Софтовска, Ивана Џатевска, Ангела Костовиќ, Сара Миновска, Ана Марија Коларовска, Ива Јаковчевска, Марија Галевска.

понеделник, 21 мај 2018 - 12:05