Генерацијата 2006/07 в четврток и петок играат на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“

Традиционалниот зимски турнир во организација на Ракометната академија на Вардар е во тек, а утре и задутре во СЦ „Јане Сандански" ќе настапат девојките од генерацијата 2006/2007 кои ќе се борат за титулата. Зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" се одржува во СЦ „Јане Сандански" од 15 до 18 јануари годинава.
Годинава на турнирот учествуваат шест екипи во категоријата 2006/07 и тоа Ново Лисиче Вардар, Ѓорче Петров Вардар, Драчево Вардар и Кисела Вода Вардар од Скопје и Кале Вардар од Кичево и Делчево Вардар од Делчево.

Натпреварите ќе траат по 30 минути, а екипите се поделени во две групи. Најдобрите од групите во петок, на 18 јануари, ќе ги играат полуфиналните и финалните натпревари.

Влезот во СЦ „Јане Сандански" е слободен.

Пропозиции и распоред за категоријата 2006/07 женски: 6-7.zhenski.docx

среда, 16 јануари 2019 - 10:33