
Натпреварот што го даде победникот на турнирот во старосната категорија 2006/07 во женска конкуренција се играше последен и донесе многу возбуда во салата во „Јане Сандански". Делчево Вардар и Будимир 1 Вардар одиграа резултатски изедначен натпревар. Делчево Вардар на моменти се наметнуваше како посилна екипа, но дури во последните минути се одлепија од противникот за конечна победа со 14 : 12. Солзи радосници, но и тага ја преплавија салата, каде и двете екипи решително играа за победа до самиот крај на мечот.
Индивидуални признанија беа доделени на најдобриот голман, стрелец и играч и во тој редослед статуетки добија Тамара Ѓорѓиевска од Драчево Вардар, Јана Петровска од Делчево Вардар и Стефани Ристиќ од Будимир Вардар.
Будимир 1 Вардар се пласираше на второто место.
Повеќе фотографии од свечеото доделување на следниот линк.
Во женска конкуренција сите екипи играа меѓу себе. По дводневните натпревари на трето место се пласираше Драчево Вардар.
На 4. и 5. место се пласираа Будимир 2 Вардар и Вардар Седмерец.
Билтен од вториот натпреварувачки ден: turnir_zhenski_2_den_1.docx
За две недели ќе се одржи вториот дел од турнирот, кога на паркетот ќе ги видиме помладите ракометари, односно категоријата 2008/09 и натпреварите во мини ракомет наменет за децата родени 2010 и помлади.