Делчево, Кале, Ѓорче Петров и Ново Лисиче полуфиналисти на зимскиот турнир

Делчево Вардар, Кале Вардар, Ѓорче Петров Вардар и Ново Лисиче Вардар на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов„ ќе ги играат полуфиналните натпревари во категоријата 2006/07. Зимскиот турнир се одржува од 15 до 18 јануари во спортскиот центар „Јане Сандански", а следната недела ќе се играат и натпреварите во мини ракомет за момчињата и девојките родени 2010 и помлади.

Целосниот преглед на резултатите од денешните натпревари на следниов линк: 6-7.zhenski_1.docx

Полуфиналните натпревари утре се закажани во 10.40 часот и во 11.30 часот, додека натпреварот за третото место е во 14.50 часот, а финалето во 16.30 часот.

Натпреварите се играат во малата сала во „СЦ Јане Сандански". Влезот е слободен.

четврток, 17 јануари 2019 - 21:13