Турнирот „Еден живот, една љубов" викендов продолжува со натпреварите во мини ракомет, наменети за момчиња и девојчиња родени 2010 година и помлади. Во спортскиот центар „Јане Сандански" в сабота, 26 јануари, натпреварите почнуваат во 10 часот и завршуваат во 15.20.