Ракометна академија

ВАРДАР ОТВОРА ШКОЛА ВО ОУ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

Биди и ти дел од најдобрите и приклучи се во новата ракометна школа на Вардар во основното училиште „Владо Тасевски" во Скопје. Новата школа, која ќе биде дел од Ракометната академија Вардар, почнува со работа од 28 октомври, понеделник. Вршиме уписи за момчиња и девојчиња родени 2008 година и помлади.

Делчево Вардар шампионки на „Еден живот, една љубов“

Победници на шестиот по ред турнир „Еден живот, една љубов" во женска категорија е екипата на Делчево Вардар. Турнирот што е во организација на Ракометната академија Вардар годинава се одржува во СЦ „Јане Сандански". Традиционалното спортско случување во изминативе години привлече стотици млади ракометни таленти, создавајќи имиџ на место каде најмладите ракометари од цела Македонија можат преку натпревари да видат до каде се во однос на своите врсници.

Успешен прв ден од турнирот „Еден живот, една љубов“

Во СЦ „Јане Сандански" се одигра првиот ден од натпреварите на турнирот „Еден живот, една љубов„ за генерацијата 2006/07 во машка и женска конкуренција.

Тренерот Стојан Петрушевски од Вардар Јуниор на децата во Кисела Вода Вардар им откриваше ракометни тајни

Младите ракометари во нашата школа Кисела Вода Вардар имаа невообичаен тренинг. Заедно со тренерот на Вардар Јуниор Стојан Петрушевски, поранешен селектор на сениорската и на младинската репрезентација на Македонија тренираа како големи ракометари. Научија по некоја нова финта, но пред сѐ добро се забавуваа и уживаа во вежбите и игрите кои им ги организираше Петрушевски.

Шестиот турнир „Еден живот, една љубов“ стартува на 5 октомври

Ракометната академија Вардар годинава по шести пат го организира традиционалниот турнир „Еден живот, една љубов". Во изминатите пет години турнирот прерасна во силен и квалитетен настан каде членовите на Академијата ги развиваат и унапредуваат ракометните вештини. Турнирот годинава ќе се игра во два викенда, и тоа викендите 5 - 6 октомври и 19 - 20 октомври. Во спортскиот центар „Јане Сандански" очекуваме повторно да се соберат најголемите вљубеници во ракометот – членовите на Ракометната академија Вардар.

Пехарот од Лига на шампионите во посета на Охрид

Еуфоричната треска што завладеа по второто освојување на тронот во најелитното европско клупско натпреварување Лига на шампионите, повторно се разбуди со втората победа на двократниот шампион Вардар во СЦ "Јане Сандански" против Порто. Среќата и возбудата што ги предизвика Вардар кога го донесе пехарот во Скопје сѐ уште изнудуваат насмевки, особено кај оние кои ја искористија можноста да се сликаат со европскиот трофеј.Затоа Ве каниме да дојдете да се сликате со пехарот во Охрид.

Придружи се на најдобрите - Стартуваа уписите во Кисела Вода Вардар!

Зграпчете ја шансата да тренирате во ракометна школа на двојниот и актуелен европски шампион Вардар. Стартуваа уписите во Кисела Вода Вардар, којашто е првата ракометна школа на Вардар во Скопје, основана преку Ракометната академија Вардар.

Вардар Седмерец од Охрид почна со уписи на нови членови

На прагот на новата ракометна сезона за децата и млади Вардар Седмерец од Охрид почна со уписи на деца родени од 2005 до 2013 година. Ракометната школа е дел од семејството на Ракометната академија Вардар и изминатите години е дел од најголемите ракометни проекти за деца во Македонија, Вардар Јуниор лигата и турнирот „Еден живот, една љубов".

Вардар Седмерец организира турнир „5-ка за ракомет“

Ракометната школа од Охрид, Вардар Седмерец и Ракометната Академија Вардар во партнерство со ЈП "Билјанини Извори"- Охрид организираат еднодневен турнир, што ќе се одржи утре, 25 мај во Охрид. 

Викендов се играат Ф4 турнири од Вардар Јуниор лигата за 2004/05 и 2006/07

Најдобрата Вардар Јуниор лига, создадена за развој на ракометните способности на најмладите вљубеници во спортот, в недела и сабота во СЦ „Јане Сандански" ги организира Ф4 турнирите за момчињата генерациите 2004/05 и 2006/07.