Вардар го освои сребрениот медал во Купот на Македонија. Во финалето што се одржа во Куманово, нашите девојки покажаа огромна борбеност и максимално залагање. Имаа и шанса да внесат и поголема неизвесност во последните 15-тина секунди од мечот. Но, не успеаја да упатат удар, туку направија техничка грешка и фаул во напад за што потоа судиите досудија и пенал и покажаа и црвен картон. Куманово победи со 24-22 што е нивни прв триумф во Купот на Македонија.Фото: Денис Дуковски