Драгана Ристова на тренинг во ОУ „Партеније Зографски“
Тренерот на женскиот клуб на Вардар, Драгана Ристова организираше тренинг за момчињата и девојчињата во школата Кисела Вода Вардар. Работеа на нови чекори, но и ги утврдуваа акциите што веќе ги научиле. Малите главчиња внимателно слушаа што Драгана им објаснува, трудејќи се во чекор да повторат сѐ што ќе чујат. Им покажуваше финти како да го надмудрат противникот, како да ги надиграат и да постигнат гол.