Фото / Видео

Вардар - Ростов (Ф4 полуфинале - 12.05.2018)

Ланското финале на Ф4 турнирот во лигата на шампионите ќе има реприза и сезонава. Вардар по вторпат ќе игра за златниот медал откако во полуфиналето го победи тимот на Ростов со 25:19 (10-7).Фото: Денис Дуковски

Ф4 2018 - дружење со новинарите (11.05.2018)

Ден пред одигрување на натпреварот се одржа и средбата со новинарите на која вардарки ги кажаа очекувањата.Фото: Денис Дуковски

Тренинг во Будимпешта (11.05.2018)

Вардарки го имаа тренингот во Будимпешта пред утрешното полуфинале на Ф4 турнирот. Традиционално сите екипи тренираат во салата на Елктромош. Вардар е со 19 ракометарки во Будимпешта, вклучувајќи ги и помладите Леонида Гичевска и Јована Мицевска

Вардар јуниор - Вардар (првенство 08.05.2018)

На два дена пред заминување за Будимпешта каде викендов ќе го играат петтиот Ф4 турнирот во лигата на шампионите ракометарките на Вардар ја имаа последната контрола победувајќи го сестринскиот тим на Вардар јуниор со 50-29 (23-13).Фото: Денис Дуковски

Вардар - Митјиланд (видео, 1/4 финале на ЛШ - 14.04.2018)

Во својот последен настап пред домашна публика сезонава во меч од лигата на шампионите Вардар не само што го декласираше Митјиланд со 32-25 (17-12) и се пласираше на Ф4 турнирот во Будимпешта туку уште еднаш ја покажа силата и мотивацијата конечно да стигне до европската титула.

Вардар - Митјиланд (четврт-финале на ЛШ 14.04.2018)

Во својот последен настап пред домашна публика сезонава во меч од лигата на шампионите Вардар не само што го декласираше Митјиланд со 32-25 (17-12) и се пласираше на Ф4 турнирот во Будимпешта туку уште еднаш ја покажа силата и мотивацијата конечно да стигне до европската титула.Фото: Денис Дуковски

Металург - Вардар јуниор (првенство - 05.04.2018)

Се бореа до крај, не се предадоа и беа на праг да се вратат со бод од гостувањето во Автокоманда, но нашата млада екипа на Вардар јуниор не успеа да се одбрани во последниот напад, дозволувајќи им на домашните ракометарки да реализираат напад за триумф, 23-22. По 22 одиграни кола во женската лига Вардар јуниор останува на петтото место со 36 бода.Фото: Денис Дуковски

Металург - Вардар (женска лига - 30.03.2018)

Вардар је одбрани титулата во домашното првенство откако триумфираше на гостувањето кај Металург, 47-17 (22-5). По 21 одигран натпревар Вардар е прв на табелата со 63 бода, 22 повеќе од второпласираниот Металург, на седум кола до крај на првенството.Фото: Денис Дуковски

Вардар - Вардар јуниор (женска лига - 28.03.2018)

Очекувано беше дека ракометарките на Вардар ќе бидат убедливи на сестринскиот дуел од женската лига против Вардар јуниор, па сениорките победија со 48-19 (26-13) за зацврстување на првото место на табелата по 20 одиграни натпревари.Фото: Денис Дуковски

Вардар - Крим (ВРХЛ лига - 27.03.2018)

Ракометарките на Вардар ја одбранија титулата во регионалната ВРХЛ лига откако на три меча пред крај на натпреварувањето го победија Крим со 32-31 (13-16). Ова беше прв натпревар од третиот турнир во регионалното натпреварување, а за „црвено-црните" останува уште еден натпревар во четврток, против Будуќност.Фото: Денис Дуковски