Фото / Видео

6. Турнир „еден живот, една љубов“ (6.10.2019)

Избор фотографии од натпреварите од 6. Турнир „Еден живот, една љубов“ во женска конкуренција во генерацијата 2006/07.

Свечено доделување на пехари на турнирот „Еден живот, една љубов“ (6.10.2019)

Свечено доделување на награди на најдобрите екипи во генерацијата 2006/07 на шестиот турнир „Еден живот, една љубов", што во организација на Ракометната академија Вардар викендов, 5 и 6 октомври се одржа во СЦ „Јане Сандански".

На тренинг со најмладите членови од Кисела Вода Вардар

Со тренерот на Вардар Јуниор Стојан Петрушевски, поранешен селектор на сениорската и на младинската репрезентација на Македонија децата од Кисела Вода Вардар тренираа како големи ракометари.

Вардар - Деспина (21.09.2019)

Ракометарките на Вардар ја остварија втората победа сезонава во женската лига. На домашен терен ја победивме Деспина со 45-18.* Стефанија Ѓеоргиевска 7 гола* Сара Миновска 8 гола* Андреа Седлоска 8 гола- Андреа Илиќ 9 одбрани- Симона Грујовска 11 одбрани 

Спартак - Вардар (14.09.2019)

Во првото коло на женската лига ракометарките на Вардар победија на гости кај Спартак со 33-24Фото: Денис Дуковски

Тренинг 17 август 2019

Екипата на Вардар конечно во комплетен состав ги продолжи подготовките за новата сезона. Со само едно ново име во тимот, пивотменот Јана Паковска, „вардарки“ ќе се подготвуваат за почетокот на сезоната. 

Доделување медали на Вардар Јуниор лига

Сезоната 2018/19 заврши со церемонијата за доделување на награди на најдобрите екипи и поединци. На свеченоста присуствуваше тренерот на Вардар Роберто Парондо и Аце Станковски, кој е дел од тренерскиот тим на Вардар. Првотимката на Вардар Кети Ангеловска беше дел од свеченоста. Фото: Денис Дуковски

Будимир Вардар – Делчево Вардар (Финале на Вардар Јуниор лига, 19.05.2019)

Будимир Вардар се шампиони во Вардар јуниор лигата во женска категорија 2006/07, по победата против Делчево Вардар.Фото: Денис Дуковски

Ново Лисиче Вардар – Кале Вардар (Финале на Вардар Јуниор лига, 19.05.2019)

Третото место во женска категорија 2006/07 го освои Кале Вардар откако по изведување на седмерци ја победија екипата на Ново Лисиче Вардар.Фото: Денис Дуковски

Финале на Куп: Вардар - Куманово (11.05.2019)

Вардар го освои сребрениот медал во Купот на Македонија. Во финалето што се одржа во Куманово, нашите девојки покажаа огромна борбеност и максимално залагање. Имаа и шанса да внесат и поголема неизвесност во последните 15-тина секунди од мечот. Но, не успеаја да упатат удар, туку направија техничка грешка и фаул во напад за што потоа судиите досудија и пенал и покажаа и црвен картон. Куманово победи со 24-22 што е нивни прв триумф во Купот на Македонија.Фото: Денис Дуковски