Татјана
Хмирова

71

Датум на раѓање

вторник, 6 февруари 1990

Позиција

Десен бек

Висина

178см

Тежина

68кг

Татјана Хмирова е руска репрезентативка која игра на сите три бековски позиции –лев, среден и десен бек. Родена е во Волгоград и кариерата ја почна во екипата на Динамо Волгоград во која дебитираше во 2005 година. За својот матичен клуб, Хмирова настапуваше во изминатите осум години. Од оваа сезона (2013/2014) Татјана Хмирова ќе го носи дресот на ЖРК Вардар СЦБТ и тоа ќе биде нејзин прв ангажман во странство.
Со Динамо Волгоград има освоено три шампионски титули и една титула во Купот на Русија (2008). Со екипата на Вардар минатата сезона ја освои двојната круна во македонското првенство, додека во Лигата на шампионите настапи на Ф4 турнирот во Будимпешта.

2005-2013 Динамо Волгоград (Русија)
2013- ЖРК Вардар (Македонија)

За репрезентацијата на Русија, Татјана Хмирова има настапувано во сите младински категории. Во 2008 година со Русија стана светски младински шампион и беше прогласена за најкорисен игра на ова СП. Истата година Хмирова дебитираше за сениорската репрезентација на Русија на Европското првенство на кое Македонија беше домаќин и осви бронзен медал. Во 2009 година беше дел од руската репрезентација што го освои златото на Светското првенство во Кина, а настапи и на СП 2011 во Бразил на кое Русија беше седма и на ЕП 2012 во Србија на кое руската репрезентација го освои 6.место.

Екипа

Име Број Позиција
Андреа Кликовац 5
Десен бек
Барбара Лазовиќ 15
Десен бек
Татјана Хмирова 71
Десен бек
Александра Лакрабер 64
Десен бек
Јованка Радичевиќ 4
Десно крило
Сара Ристовска 91
Десно крило
Амандин Лејно 12
Голман
Ина Суслина 31
Голман
Мајса Песоа 84
Голман
Андреа Пенезиќ 23
Лев бек
Тамара Мавсар 8
Лево крило
Камила Херем 7
Лево крило
Ања Алтхаус 20
Пикер
Андреа Човиќ 27
Пикер
Марија Петровиќ 83
Пикер
Андреа Лекиќ 77
Среден бек
Сања Дамњановиќ 11
Среден бек
Дијана Илина 21
Среден бек