Јованка
Радичевиќ

4

Датум на раѓање

четврток, 23 октомври 1986

Позиција

Десно крило

Висина

170см

Тежина

68кг

Јованка Радичевиќ е репрезентативка на Црна Гора и најдобро десно крило во Европа од последното ЕП 2012 во Србија. Во сезоната 2012/2013 Радичевиќ ги обедини двете шампионски титули – со репрезентацијата на Црна Гора стана европски шампион, а со екипата на Ѓер ја освои титулата во Лигата на шампионите.
Радичевиќ е родена во Подгорица, Ц.Гора и во родниот град помина поголем дел од својата кариера во редовите на Будуќност. За црногорскиот првак настапуваше осум сезони (2004-2011). Со екипата на Будуќност има освоено седум шампионски и седум титули во Купот на Црна Гора (2005-2011), две титули во Регионалната лига (2010, 2011) и две титули во КПК (2006, 2010). По осум сезони минати во својот матичен клуб, во 2011 година Радичевиќ се пресели во составот на Ѓер ЕТО во Унгарија.Со унгарскиот тим ја продолжи победничката серија, два пати ја освои шампионската титула и два пати триумфира во Купот на Унгарија. Лани со Ѓер играше во финалето на ЛШ, а годинава стигна и до најголемиот клупски успех – ја освои титулата во Лигата на шампионите. Во екипата на Вардар пристигна во 2013 година и во првата сезона ја освои двојната круна во македонскиот шампионат, а во Лигата на шампионите учествуваше на Ф4 турнирот во Будимпешта.

2004-2011 Будуќност (Црна Гора)
2011-2013 Ѓер ЕТО (Унгарија)
2013 – ЖРК Вардар (Македонија)

Јованка Радичевиќ е стандардна репрезентативка во составот на репрезентацијата на Црна Гора со која го освои 6.место на СП 2010, а во 2012 стана олимписки вицешампион на ОИ во Лондон и европски првак на ЕП 2012 во Србија. На европското првенство во Србија, Радичевиќ беше прогласена за најдобро десно крило во Европа во ол-стар тимот на шампионатот.

Екипа

Име Број Позиција
Татјана Хмирова 71
Десен бек
Александра Лакрабер 64
Десен бек
Андреа Кликовац 5
Десен бек
Барбара Лазовиќ 15
Десен бек
Јованка Радичевиќ 4
Десно крило
Сара Ристовска 91
Десно крило
Ина Суслина 31
Голман
Мајса Песоа 84
Голман
Амандин Лејно 12
Голман
Андреа Пенезиќ 23
Лев бек
Тамара Мавсар 8
Лево крило
Камила Херем 7
Лево крило
Ања Алтхаус 20
Пикер
Андреа Човиќ 27
Пикер
Марија Петровиќ 83
Пикер
Андреа Лекиќ 77
Среден бек
Сања Дамњановиќ 11
Среден бек
Дијана Илина 21
Среден бек