Андреа
Лекиќ

77

Датум на раѓање

недела, 6 септември 1987

Позиција

Среден бек

Висина

178см

Тежина

75кг

Андреа Лекиќ е капитен на репрезентацијата на Србија и најдобар среден бек на ЕП 2012 во Србија. Ракомет почна да тренира на 11-годишна возраст во ОРК Београд под водство на тренерот Весна Бојковиќ. Но, пред да го избере ракометот, Андреа на рана возраст беше успешна и во неколку други спортови. Прво тренираше карате и стигна до „син појас" пред да се префрли на спортовите со топка. Почна со одбојка, но кошарката и привлекуваше многу поголемо внимание, играше и фудбал, а се проба и во тенис кој и денес и е еден од омилените спортови.

По ОРК Београд, Лекиќ две сезони беше во Раднички, а со неполни 18 години се пресели во екипата на „Књаз Милош" од Аранѓеловац со која во 2007 година ја освои првата шампионска титула во Србија. По една сезона помината во „Књаз Милош" следуваше ангажман во Крим Меркатор и преселба во Словенија. Со екипата на Крим Меркатор, Лекиќ освои четири шампионски титули и четири титули во Купот на Словенија. Последните две сезони таа настапуваше во дресот на Ѓер, освои две шампионски и две титули во Купот на Унгарија. Со екипата на Ѓер, Лекиќ лани играше во финалето од Лигата на шампионите, а оваа сезона стана шампион на Европа. Во првата сезона како ракометарка на Вардар, Леќиќ ја освои двојната круна во македонскиот шампионат, а во Лигата на шампионите играше на Ф4 турнирот во Будимпешта.

1998-2005 ОРК Београд (Србија)
2005-2006 ЖРК Раднички (Србија)
2006-2007 ЖРК Књаз Милош (Србија)
2007-2011 Крим Меркатор (Словенија)
2011-2013 Ѓер ЕТО (Унгарија)
2013 - ЖРК Вардар

Во репрезентацијата на Србија, Андреа Лекиќ прв пат беше повикана во 2005 година во подготовките за двомечот со Македонија во баражот за СП 2005, а првиот официјален меч во репрезентативниот дрес го одигра на „Трофеј Карпати" во 2006 година. Со српската репрезентација има настапено на четири Европски првенства (ЕП 2006, ЕП 2008, ЕП 2010, ЕП 2012). На последното ЕП 2012 на кое беше домаќин, Србија го освои четвртото место, а Андреа Лекиќ беше избрана за најдобар среден бек во ол-стар тимот на првенството.

Покрај професионалната ракометна кариера, Андреа Лекиќ студира на Факултетот за туризам и угостителство во Белград.

Екипа

Име Број Позиција
Александра Лакрабер 64
Десен бек
Андреа Кликовац 5
Десен бек
Барбара Лазовиќ 15
Десен бек
Татјана Хмирова 71
Десен бек
Јованка Радичевиќ 4
Десно крило
Сара Ристовска 91
Десно крило
Мајса Песоа 84
Голман
Амандин Лејно 12
Голман
Ина Суслина 31
Голман
Андреа Пенезиќ 23
Лев бек
Тамара Мавсар 8
Лево крило
Камила Херем 7
Лево крило
Андреа Човиќ 27
Пикер
Марија Петровиќ 83
Пикер
Ања Алтхаус 20
Пикер
Андреа Лекиќ 77
Среден бек
Сања Дамњановиќ 11
Среден бек
Дијана Илина 21
Среден бек