Пенезиќ меѓу ѕвездите, Алтхаус меѓу стрелците на колото во ЛШ

Две вардарки повторно се најдоа во изборот на ЕХФ по завршувањето на третото коло од главната фаза. Ако навикнавме Андреа Пенезиќ да ја гледаме меѓу најдобрите стрелци и ѕвезди на колото, овојпат во изборот за најдобар гол е и нашиот пивотмен Ања Алтхаус.

Во третото коло од А групата од главната фаза на ЛШ, Вардар како гостин го победи Турингер со 31-29 поставувајќи нов клупски рекорд од 8 победи по ред во ЛШ, и 10 натпревари без пораз.

Гол на Алтхаус постигнат со шрауба на мечот против Турингер беше прогласен за најдобар на колото. А во тој избор имаше место и за Андреа Пенезиќ која исто така се најде меѓу стрелците на петте најдобри гола.

* Топ 5 гола на колото

Левиот бек на Вардар, Андреа Пенезиќ станува редовен гостин во изборот на ЕХФ после секое коло. По вторпат во главната фаза таа е меѓу трите ѕвезди на колото.

* Три ѕвезди на колото

Секогаш  е подготвена да погоди и да игра под притисок и да дава голови кога е најпотребно. Својот квалитет Пенезиќ повторно го покажа, и тоа уште во првото полувреме на мечот со Турингер постигнувајќи 8 гола за само 20 минути, а Вардар веќе имаше и предност од седум гола. Потоа шанса добија да играат другите ракометарки од клупата, а откако Турингер се приближи, тренерот Давид Дејвис повторно ги врати најискусните. Пенезиќ постигна уште два гола и заврши како најдобар стрелец на натпреварот.

понеделник, 13 февруари 2017 - 00:28