Стартува пролетниот дел од Вардар Јуниор лигата

Вардар Јуниор лигата се враќа со нови натпревари. По двомесечна пауза, викендов во Скопје се играат натпреварите од 7 коло, а на теренот ќе ги видиме момчињата и девојките од старосните категории 2000/01, 2002/03, 2004/05, како и најмладите ракометари од генерациите 2006/09 кои играат мини ракомет во мешани тимови.

Натпреварите стартуваат во сабота, 18. февруари, во 9 часот во спортскиот центар Кале, а на распоредот се натпревари од генерациите 2002/03 во машка и женска категорија, 2000/01 во женска категорија и 2004/05 во машка и женска категорија.

Во недела се игра во салите во спортските центри Кале и „Јане Сандански". Натпреварите во Кале почнуваат во 10.30 часот, додека во големата сала во "Јане Сандански" во 11 часот. Во малата сала во „Јане Сандански", во 9.50 часот почнуваат натпреварите во мини ракомет.

Распоред на натпревари: saatnica_skopje_18-19.02.2017_5.pdf

петок, 17 февруари 2017 - 09:17