Ракометна академија

Гости на меч од ЛШ: Најмладите вардарци како страсни, а срамежливи фанови

Играат во Вардар јуниор лигата и се надеваат дека еден ден локалните спортски сали ќе ги заменат со убавиот „Герфлор" под каков што има во СЦ „Јане Сандански". Сите дечиња членови на Ракометната Академија Вардар имаат можност да бидат и гости на некој натпревар, од лигата на шампионите или СЕХА лигата, да ги гледаат во живо своите идоли, а по завршувањето на натпреварот и да добијат автограм, да направат селфи или да ги гушнат играчите за кои страсно навиваа во текот на натпреварот.

Тремата се смирува со „десна нога“, а за среќа се носат и различни чорапи

Можностите за играње натпревари и напредок се големи кога школата е дел од Ракометната академија Вардар. Во текот на годината се игра Вардар Јуниор лигата, а за време на паузата се одржува и зимскиот турнир „Еден живот, една љубов". Севкупната организација овозможува за над 1200 деца да бидат дел од натпревари, и тоа некои за првпат играат со вистински противник. За тоа како децата се снаоѓаат на првиот натпревар што го играат, разговараме со девојчињата од ракометната школа Кузман Вардар.

Децата од Вардар ДБ ги запознаа своите идоли

Додека школите кои се дел од Ракометната академија Вардар се подготвуваат за почеток на вториот дел од Вардар Јуниор лигата, момчиња и девојчиња од Вардар ДБ од Кавадарци имаа шанса во салата на спортскиот центар „Јане Сандански" да ги гледаат мајсториите на ракометарките на Вардар во натпревар од лигата на шампионите.

За младите вардарови ракометари публиката е најсилна мотивација

Зимскиот турнир е можност за дружба, и пред сѐ натпревар и со тимови кои не учествуваат во Вардар Јуниор лигата. „Еден живот, една љубов" е најмасовниот традиционален турнир во земјава, а годинава на него учествуваа над 1200 деца, и меѓу нив се запознавме и со момчињата од Бутел Вардар кои се натпреваруваа во генерацијата 2000/01.

Јуниор лигата носи и награди – по победа следи и шопинг

Ракометната академија Вардар овозможува многу натпревари во текот на годината за младите ракометари. Децата на возраст од 2000 година и помали во текот на целата година имаат можност да играат натпревари во Вардар Јуниор лигата, а за време на паузата, односно зимскиот распуст се натпреваруваат на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов". Овие натпревари за девојчињата од Вардар Виница се и можност да видат до каде се во однос на противниците, но кога денот завршува со триумф - и шанса да прослават и да се почестат во шопинг.

Дебитантите Ангели Вардар пресреќни од првото учество на зимскиот турнир

Ангели Вардар, најновата школа во Ракометната академија Вардар, месецов, на зимскиот турнир „Еден живот, една љубов" за првпат играше натпревари со други екипи од Академијата. На најмасовниот ракометен турнир за деца во земјава учествуваа над 1200 момчиња и девојчиња, односно се вклучија сите наши регионални единици.

Кастратовиќ: Најмладите треба да го засакаат ракометот, да се забавуваат и дружат

Во очекување на натпреварите од вториот дел од сезоната од Вардар Јуниор лигата, ги средуваме спомените од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов“, кој годинава се одржа по третпат во организација на Ракометната академија Вардар.

Наградите се поттик да даваме сѐ од себе и во иднина

Ги полнеа противничките мрежи со голови, организираа акции и правеа асистенции, а оние повештите успеваа да се одбранат и од најдобрите стрелци. Затоа и ги наградивме за најдобар стрелец, најдобар играч и најдобар голман во генерацијата 2004/05.

Играат како ѕвезди од мали нозе, а така и се чувствуваат во салите на „Јане Сандански“

Возбудливи натпревари се одиграа на финалето во генерацијата 2004/05 во женска и машка категорија. Девојките и момчињата викендов играа на вториот дел од зимскиот турнир „Еден живот, една љубов", кој се одржуваше во организација на Ракометната академија Вардар. Поради големиот број на учесници, турнирот се одржа во два дела, и тоа во првиот дел играа генерациите 2000/01 и 2002/03 во машка и женска категорија, а викендов се натреваруваа 2004/05 и најмалите во мини ракомет 2006/07 и 2008/09.

Заврши третиот турнир „Еден живот - една љубов“

Во организација на Ракометната академија Вардар над 1.200 деца момчиња и девојчиња од повеќе градови од земјава во изминатите два викенда се натпреваруваа и покажа што научиле.