Амандин
Лејно

12

Датум на раѓање

петок, 2 мај 1986

Позиција

Голман

Висина

178см

Тежина

68кг

Амандин Лејно почна да тренира ракомет во родниот град Обенас во Франција, каде настапуваше до 2003 година, а како јуниорка една сезона играше и во екипата на ДХБ Бург.
Во 2004 година потпиша договор со најуспешниот француски клуб, Мец и на 18-годишна возраст ја почна својата професионална карира. Во осум сезони поминати на голот на Мец, Лејно освои шест титули шампион на Франција, седум титули во Куп на лигата и една титула во Куп на Франција. Беше прогласена за најдобар голман во францускиот шампионат за 2008 година. Во март 2012 година Лејно се пресели во екипата на Олчим Валчеа во Романија, но поради повреда на лигаментите на коленото во изминатава сезона не одигра ниеден официјален натпревар за романската екипа. Од март 2013 година Лејно е ракометарка на ЖРК Вардар. Со тимот на Вардар освои една шампионски титула во Скопско Супер лигата и еден трофеј во Купот на Македонија. Сезоната 2013/14, како ракометарка на Вардар играше на Ф4 турнирот во Лигата на шампионите.

2003 Обенас
2003-2004 ДХБ Бург
2004-2012 Мец
2012-2013 Олчим Валчеа
2013 - ЖРК Вардар

Во репрезентацијата на Франција дебитираше во 2005 година, а по пензионирањето на Валери Никола во 2008 година, Лејно ја доби улогата на прв голман во францускиот национален тим. Со репрезентацијата на Франција има средбро од СП 2008 во Кина и од СП 2011 во Бразил и 5.место на СП 2007 во Франција. Од настапите на европските превенства има 14.место на ЕП 2008 во Македонија и 5.место на ЕП 2010 во Норвешка и Данска. Амандин Лејно беше во составот на Франција и на последните две Олимпијади, на ОИ 2008 во Пекинг (5.место) и на ОИ 2012 во Лондон (четврт-финале).

Екипа

Име Број Позиција
Андреа Кликовац 5
Десен бек
Барбара Лазовиќ 15
Десен бек
Татјана Хмирова 71
Десен бек
Александра Лакрабер 64
Десен бек
Сара Ристовска 91
Десно крило
Јованка Радичевиќ 4
Десно крило
Амандин Лејно 12
Голман
Ина Суслина 31
Голман
Мајса Песоа 84
Голман
Андреа Пенезиќ 23
Лев бек
Тамара Мавсар 8
Лево крило
Камила Херем 7
Лево крило
Ања Алтхаус 20
Пикер
Андреа Човиќ 27
Пикер
Дијана Илина 21
Среден бек
Андреа Лекиќ 77
Среден бек
Сања Дамњановиќ 11
Среден бек